Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

За празниците невообичаено мал број возила го минуваат граничниот премин „Богородица“

Вести

За празниците невообичаено мал број возила го минуваат граничниот премин „Богородица“

Бројот на возилата кои минуваат преку граничниот премин „Богородица“ е вообичаен како и секој друг ден, во споредба со претходните години кога за божикните празници многу граѓани од Македонија се упатуваа кон Грција. Зголемен е бројот на грчки граѓани кои доаѓаат во нашата земја за шопинг и забава. 

– Интензитетот на сообраќајот во моментот е секојдневен, дури е невообичаено мирно за разлика од другите години кога за излез од земјава се создаваа колони од возила, се чекаше подолго време и работеа сите шест коловозни ленти. Моментно на „Богородица“ сообраќајот се одвива во секојдневни нормални прилики со стандардно задржување од десетина минути за обавување на царинските формалности, иајави командирот на граничната полиција Миле Тошев за МИА.

Забележлива е малку поголема раздвиженост за влез во земјава од страна на грчките граѓани кои секојдневно доаѓаат на шопинг и ги посетуваат казината во Гевгелија, а на заминување си ги полнат автомобилите со бензин, дизел и плин, коишто кај нас се се уште многу поевтини.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.