Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Со џип поминал низ коледарски оган и повредил две лица

Вести

Со џип поминал низ коледарски оган и повредил две лица

Две лица се повредени ноќеска во село Мирковци кога жител на Кучевиште поминал со неговиот џип „Мерцедес“ низ бадниковиот оган и удрил во нив. 

Полицијата информира дека настанот се случил ноќеска околу 1:40 часот во скопското село Мирковци, на местото викано „Горно Маало“, каде по повод Бадник имало запалено оган и биле присутни повеќе граѓани. И.П. од село Кучевиште им се доближил на граѓаните и им се заканил дека со неговото возило ќе помине низ огнот и дека ќе ги прегази. Потоа тој го стартувал неговото теренско возило „Мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, тргнал кон присутните граѓани, поминал низ огнот и удрил во М.Б. (39) и Б.К. (39), двајцата од село Мирковци по што избегал во непознат правец.

Со возило на Итна медицинска помош, М.Б. и Б.К. биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди. По укажаната лекарска помош, двајцата биле пуштени на домашно лекување.

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.