Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Задушница – спомен за починатите

Актуелно

Задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Посебен сообраќаен режим кон гробиштата „Бутел“, „Камник“ и „Ѓорче Петров“

Поради Задушница, денеска во перидот од 6:00 часот па се до доцните попладневни часови ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим на сообраќајниците кои водат до градските гробишта „Бутел“, „Камник“ и „Ѓорче Петров“.

На градските гробишта „Бутел“ сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“ во продолжение по локалниот пат за село Мирковци и лево по улица „Боца Иванова“ до влезот на гробиштата. Додека пак излегувањето ќе се одвива десно по ул „Боца Иванова“ кон улица „Александар Урдаревски“.

Сообраќајот кон и од гробиштата „Камник“ и „Ѓорче Петров“ ќе биде непосредно регулиран со присуство на сообраќајна полиција.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.