Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со умерена облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 11 до 17 степени.
Во Скопје слично време, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.



