Вести
Заев на прием кај папата: Свети Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Македонија и Ватикан
Длабоко вкоренетата традиција на меѓурелигиска толеранција, почитување на разни верски убедувања и негување на верските слободи во Република Македонија беше една од темите на денешната средбата на премиерот Зоран Заев со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.
Заев денеска беше на аудиенција кај папата, со кого имаше тет-а-тет средба, а потоа поглаварот на Римокатоличката црква ја прими македонската делегација, која ја предводи премиерот во посета на Ватикан, која се остварува традиционално во рамките на програмските активности на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.
