Папата се сретна со Спајдермен и доби на подарок маска (ВИДЕО)
Додека папата Францис обично е ѕвездата на собирите во Ватикан, Спајдермен, односно човек облечен како карактерот, на денешниот собир беше во центарот на вниманието на присутните.
Матео Виљардита (28) се облекува во костимот на познатиот суперхерој Спајдермен за да ги расположи и насмее дечињата што лежат во болница.
Тој седел во ВИП сектерот за публиката заедно со свештеници и други поканети гости и тоа место го добил поради неговите дела.





