Вести
ЗАЕВ: В недела не е избор меѓу две политички партии, тоа е избор за нашата иднина
В недела ќе се соочите со историска одлука. Треба да направите избор. Запаметете, тоа не е избор меѓу две политички партии. Тоа е избор за вашата иднина, за иднината на вашите деца. Тоа е избор за иднината на нашата сакана Македонија.
Ова го порача премиерот Зоран Заев во видеообраќањето до граѓаните за референдумот на 30 септември.
– Овој споменик, Македониум, нè потсетува дека македонскиот народ секогаш го правел вистинскиот избор: во 1903 година за време на Илинденското востание, во 1941 година во Народноослободителната борба кога застана рамо до рамо до прогресивна Европа против фашизмот.



