Актуелно
Заглавените граѓани кај скопската обиколница бараа помош преку социјалните мрежи
Преку триесет возила скоро час и половина беа заглавени вечерва на скопската обиколница поради силното невреме кое го зафати Скопје. Според информации од граѓаните, свлечиште создало насип, поради кој се насобирало вода, која влегувала и во автомобилите, пренесува Нова Македонија.
Граѓаните бараа помош преку социјалните мрежи, известуваа за свлечиштето и дека во некои од возилата има и бебиња и мали деца.
Според последните информации, специјалните единици успеале да се пробијат до возилата и им помагаат на луѓето што биле заглавени на обиколницата.



