Актуелно
Започнa Саемот за мебел 2015: Голем интерес уште од првиот ден
Меѓународниот МЕБЕЛ 2015, официјално од денес, 24-ти, им понуди на сите посетители повеќе од 10.000 парчиња мебел, распространети низ 16.000 метри квадратни.
Започна Саемот за Мебел, кој за првпат оваа година е распространет низ 10 саемски хали со над 400 домашни и странски изложувачи. На самото отварање, освен претставници од медиумите беа пристутни и голем број на граѓани кои побрзаа да го одберат своето омилено парче мебел.
“На овогодинешниот Саем за Мебел, ќе се случува вистинско уживање за сите оние кои ќе дојдат да си купат нешто по дома, дворно место или канцеларија. За сите посетители имаме богата програма, 400 странски и домашни изложувачи, 10.000 иложени парчиња на мебел и сето тоа за прв пат оваа година во 10 саемски хали, изјави Магдалена Хамбова, оперативен директор на проектот ,,Саем за Мебел”.



