Актуелно
Недела на патронот: Скопската гимназија „Орце Николов“ прославува 60 години постоење
Со низа настани и културни манифестации, оваа недела ќе биде одбележана 60-годишнината од постоењето на скопската гимназија „Орце Николов“.
Во рамки на неделата „Денови на Орце Николов“ во периодот од 23 до 27 март ќе се одржат повеќе работилници, меѓу кои литературно читање, дебатен клуб и трибина, драмска секција, уметничка работилница и спортски активности.
Манифестацијата продолжува во петок, со свечена академија во Домот на АРМ, каде свое обраќање ќе имаат директорката на гимназијата и повеќе видни личности, а потоа ќе следува музички перформанс проследен со настап на познати македонски имиња.



