Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Започнуваат подготовките за 14. Меѓународен саем на градежништво

Вести

Започнуваат подготовките за 14. Меѓународен саем на градежништво

На Скопски саем започнуваат подготовките за 14-от Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 7-от RealExpo – Меѓународен саем на недвижности, кој од година во година забележува сè поголем интерес кај граѓаните.

Вратите на овие високо популарни саеми ќе се отворат на 28.02.2017, вторник, и ќе останат отворени до 04.03.2017, сабота.

Меѓународниот сaeм на грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja, претставува значајна специјализирана манифестација која подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите од Македонија и од странство. Во рамките на Саемот на градежништво 2017, во Метрополис Арената и оваа година ќе се одржи Саемот за недвижности и инвестиции – RealExpo.

На саемот ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти. Најголема заинтересираност од граѓаните се очекува од Саемот за недвижности и инвестиции – RealExpo, каде посетителите најчесто се задржуваат на понудата на станови и куќи во Република Македонија.

За време на саемот, експерти од областа на енергетската ефикасност ќе ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда. Енергетската ефикасност полека станува значаен дел од градежната индустрија и заинтересираните граѓани за време на саемот ќе ја имаат можноста да се запознаат со најдобрите начини за заштеда на енергија во објектите.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.