Вести
Времето низ Македонија облачно, дождливо и ветровито
Времето во Македонија е претежно облачно со локални врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Најниска температура од -2 степена утрово е измерена во Берово. Во Маврово и Лазарополе 0 степени, 1 во Виница, 2 степена во Крива Паланка и Пожаране, 3 во Куманово, Охрид, Дебар, Претор и Ѓуриште, 4 степени во Скопје, Прилеп, Тополчани, Тетово и Струмица, 5 во Штип и Битола, 6 во Дојран, 7 во Гевгелија и 8 степени во Демир Капија.
Во 7 часот највисока снежна покривка од 17 сантиметри е измерена во Маврови Анови. Во изминатите 24 часа, најмногу наврнат воден талог, 6 литри на метар квадратен имало во Дебар, 4 во Претор, 3 во Тетово и Пожаране, 2 литри на квадратен метар во Маврово ни Охрид и еден во Лазарополе и Битола.



