Вести
ДЕН НА ДРВОТО: Македонија пошумена со нови 2,6 милиони садници
Над два милиона садници на 500 хектари денеска беа посадени во 30 катастарски општини на територија на Република Македонија во рамките на 17. акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. За пошумување се користеше црн и бел бор, багрем, јасен, јавор, чемпрес, аризонски чемпрес, смрча, дуглазија, даб, питом костен, дива круша, црн орев…
Премиерот Емил Димитриев, кој во рамки на акцијата посади дрвце во градинката „Ѕвездичка“ во Кочани, порача дека секоја година ќе се засадуваат по пет милиони дрвца преку традиционалната манифестација „Ден на дрвото“ и Програмата за проширена репродукција на шумите.
– Со ова ја промовираме нашата одговорност за заштитата на животната средина и сметаме дека на правилен начин обезбедуваме здрава околина за живеење, подвлече премиерот.




