fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вељаноски треба да ги распише предвремените избори

Актуелно

Вељаноски треба да ги распише предвремените избори

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска се очекува да ги распише предвремените парламентарни избори на 15 април, врз основа на информацијата што беше лиферувана во јавноста на 7 овој месец по распуштањето на Парламентот.

– Согласно одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, јас како претседател на Собранието, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување на избори, одлучив Решението за распишување на предвремени парламентарни избори да го потпишам на 15 април, а изборите да се одржат на 5 јуни 2016 година, со единствена цел да се обезбедат услови за фер и демократски  избори, наведе Вељаноски во писмената изјава.

Тој тогаш апелираше до институциите и до политичките субјекти, да го дадат својот придонес за предвремените парламентарни избори да поминат во фер и демократска атмосфера и уште еднаш да потврдиме дека ги почитуваме и споделуваме европските вредности.

Собранието на Република Македонија се распушти на 6 април на полноќ согласно одлуката што ја изгласаа пратениците на 23 февруари, со цел одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.