Актуелно
Заврши протестот против одлуката на Иванов за аболиција (ФОТО+ВИДЕО)
Заврши протестот организиран од граѓанската иницијатива „Протестирам“ против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, со барање за негова оставка, како и повлекување на одлуката за избори на 5 јуни.
Вечерашниот протест почна од пред просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во знак на поддршка на оваа институција.
Демонстрантите од пред СЈО се упатија кон Собранието на Република Македонија, околу чија зграда имаше распоредено полициско обезбедување.



