Актуелно
Времето денес сончево и многу топло – утре до 32 степени!
Времето денеска ќе биде сончево, во западните делови со слаб до умерен ветер од југозападен, а во источните од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има појава на умерена облачност. Минималната темперартура ќе се движи од три до десет степени, а максималната од 23 до 28.
Во Скопје слично време со температура од шест до 26 степени.
Под влијание на многу топла воздушна маса со потекло од африканскиот континент, во следните денови во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и многу топло време за овој период од годината.



