Вести
Жан Митрев Клиника одбележа 18 години (ФОТО)
Милион и петстотини илјади третирани пациенти и над триесет илјади направени операции на пациенти од цела Европа, се бројките кои ја одбележаа 18 годишнината од Жан Митрев Клиника.
Во присуство на вработени, политичка и дипломатска елита, како и пријатели им се презентираа сите достигнати резултати, предизвици и идни стратегии за Клиниката.
„Во 2000 година ги поставивме темелите на современите медицински услуги преку Специјалната Болница по хируршки болести „Филип Втори“ која ја конципирав како модерна единица за интензивна нега со врвна функционална операциона сала во тоа време. Од 2003-та година горди сме што ја направивме првата операција на отворено срце на буден пациент, за што во 2004 –та година болницата доби високо меѓународно признание. Година дена подоцна започнавме и со третман на вродени срцеви заболувања. Првиот АSD occluder (преткоморно чадорче) беше успешно поставен, на преткоморен дефект кај 4 годишно момче“ изјави Академик д-р Жан Митрев, сопственик на болницата и реномиран кардиоваскуларен хирург




