Вести
Иселениците протестираат против промена на уставното име на Македонија
На собири под мотото „Ние сме Македонија“ македонските иселеници во САД и во неколку други земји вчера и денеска протестираат против промена на уставното име на Македонија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
На собирот во центарот на Вашингтон вчера учество зедоа организации и групи од Њу Џерси, Масачусетс, Њујорк и Вашингтон. Тие од македонската Влада бараат прекин на преговороте со Грција и заштита на македонскиот идентитет.
– Смислата на нашиот апел не е да критикуваме, ние не сме против никого и не шириме шовинзам, туку се работи за одбрана на основните права. Нашите предци се избориле државата да се вика Македонија и со борба го сочувале името. Тие ни го предале тоа право и наша цел е да го зачуваме. Едноставно е, изјави Горан Митревски, еден од лидерите на движењето „Ние сме Македонија“.


