Вести
ЖОЛТА ТОПЛОТНА ФАЗА: Да се избегнува излегување надвор и да се конзумира лесна храна и многу вода
Граѓаните да се заштитат од директно изложување на Сонце, да избегнуваат излегување надвор од 11 до 17 часот, да носат лесна облека, заштитни очила и капа, да конзумираат лесна храна и пијалоци, да обрнат внимание на подготвувањето и конзумирањето на храната, да се избегнуваат термички подготвени производи, како на пример мајонез од домашни јајца и внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови, да внесуваат поголема количина течности, најдобро обична вода и да избегнуваат алохолни пијалоци.
Ова се дел од општите препораки на кои укажа Институтот за јавно здравје на Република Македонија, за заштита од високите температури поради тоа што земјава е зафатена од жолтата фаза.
Се препорачува за време на овие многу топли денови да се остане во затворени простории главно климатизирани, а кога е потребно да се биде надвор за овој временски период, да најдат можност за почести одмори под сенка.



