ТОПЛОТЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Да не се излегува без потреба од 11-17 часот
Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека во текот на следните два дена (од 24-25.06.2021 година – четврток до петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза.
Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се:
-Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години.


