Актуелно
Зимската служба на Град Скопје подготвена за снегот
Градот Скопје и годинава подготвено ја пречекува зимата. Службата е подготвена за одржување на магистралните и на собирните улици на подрачјето на Скопје во зимски услови.
Ова го истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски кој денеска го посети пунктот на Зимската служба на Град Скопје во Кисела Вода.
– Зимската служба на Град Скопје оваа година за справување со снежните врнежи и чистење на магистралните и на собирните улици кои се во надлежност на Градот располага со повеќе од 30 возила и 2.500 тони сол (1.500 во пунктот во Кисела Вода и 1.000 во Бутел). Покрај возилата на ЈП „Улици и патишта“, доколку се појави потреба, ќе се ангажира дополнителна градежна механизација. Во текот на денешниот ден екипите на зимската служба дејствуваа на територијата на Радишани, населбата Даме Груев и населените места во високите зони на Водно, рече Трајановски.



