Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Забрана за сообраќај на товарни возила на Стража и Маврово

Актуелно

Забрана за сообраќај на товарни возила на Стража и Маврово

На планинскиот премин Стража И Маврово поради врнежи од снег превентивно е воведена забрана за движење тешки товарни возила.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот на повисоките планински места.

Снег со слаб интензитет паѓа во Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, Павлешенци, Македонски  Брод, Ѓавато, Буково, Плетвар, Пресека, Маврово.

Врнежи со посилен интензитет има во Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп, Стража.

На коловозот наместа има остатоци од снег по интервенцијата на екипите од Ј.П.Македонијапат.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.