Магазин
ЈА ВРАЌА ПОЗИТИВНАТА ЕНЕРГИЈА: Патувањето го стимулира мозокот
Пристигна пролетта и вистинско време е да си дозволите себе си патување во некои до сега неистражени дестинации.
Запознавањето нови предели не само што го збогатува духот, ослободува од стрес и ја враќа позитивната енергија, туку и го развива мозокот, тврди неврологот Пол Нусбаум од Универзитетот во Питсбург.
Според него патувањата и искуствата, кои се стекнуваат, придонесуваат за раст на нови врски во мозокот и за намалуање на шансите за добивање Алцхајмерова болест.




