Занимливости
Туристите лани во Фонтаната ди Треви фрлиле 1.5 милиони долари
Туристите минатата година во римската Фонтана ди Треви фрлиле пари во вредност од 1,5 милиони долари.
По едногодишната обнова, римската знаменитост, барокното ремек-дело на Никола Салви од 18. век, повторно е отворена во 2015 година.
Според легендата, секој кој ќе фрли паричка во Фонтана ди Трави еден ден ќе се врати во Рим. Корисникот на тие пари е хуманитарната организација Каритас.




