Магазин
Avon Life by Kenzo Takada оваа есен пристигнува и во Македонија
Денес, Корпорацијата Avon Products го голема чест и радост го објавува новото глобално партнерство со светски познатиот дизајнер Кеnzo Takada.
Признат како водечки светски дизајнер, Кenzo Takada ја основа својата истоимена луксузна модна куќа во Париз, во 1970-та година, со што стана првиот луксузен бренд основан од Јапонец, а со седиште во Париз. Овој дизајнер е познат по креирањето на иновативни стилови, но и по неговите најпродавани мириси кои во себе ги обединуваат најдобрите елементи од Истокот и Западот.
Неговиот авангарден изглед ја направи неговата колекција омилена за познатите личности од А-листата. Во секој дизајн, Кenzo Takada ја нагласува убавината и позитивноста – лична мантра која соодветствува со основната порака која лежи во основата на AVON.




