Занимливости
Avon со новиот течен кармин Mark ги следи потребите на модерните жени
Следејќи ја мисијата постојано да ја подобрува и збогатува палетата на производи со цел да ги задоволи барањата на своите корисници, во Кампања 15 компанијата Avon ги промовира новиот течен кармин MARK и ротацискиот ноќен крем-третман против брчки Anew Infinite Reversalist.
Станува збор за два производи кои се дизајнирани според потребите и желбите на модерните жени чиј живот е сè подинамичен и бара козметички и декоративни решенија кои делуваат брзо и ефективно.
Најсилните страни на течниот кармин MARK е фактот дека трае со часови без да ги суши усните благодарение на гел-подлогата, целосно ги покрива усните со интензивна боја и притоа се добива максимална прецизност без размачкување. Ротацискиот ноќен крем-третман Anew Infinite Reversalist е моќен третман кој ги измазнува брчките на лицето, ја подмладува кожата и го изедначува тенот.




