Занимливости
AVON со силна поддршка на убавината во служба на повисоките цели
Успешните и самостојни жени кои ја користат моќта на убавината за да ги мотивираат другите околу себе да бидат исто толку успешни, се носечката идеологија во работењето на козметичкиот гигант AVON која компанијата ја наслови како „Убавина со цел“.
Водејќи се од ова начело, AVON ја подигнува продажбата на производи за убавина на многу повисоко ниво. Компанијата, која веќе 130 години се залага за промоција на убавината, иновациите и оптимизмот и овојпат во својот фокус ги става жените. Односно, оние жени за кои убавината не е крајна цел, туку средство за креирање подобро општество. „Убавина со цел“ всушност ја раскажува и слави целата приказна на компанијата од нејзиното основање досега – од создавањето врвни производи за убавина по многу прифатливи цени, до бројните можности за заработувачка кои на жените им помагаат да станат успешни и независни.
Токму овие жени се клучните фигури со кои многу успешно се гради продажната мрежа на AVON. Доволен доказ се шест милиони Претставници на AVON низ светот, жени кои се инспирација за другите. Но, компанијата не застанува тука и постојано работи на проширување на својот огромен тим со мотивирани жени кои се подготвени да придонесат за себе и сопственото семејство, како и да се приклучат кон мисијата на AVON за создавање подобар свет.




