Магазин
Бангкок – најпосетуван град во светот
Меѓународната агенција за истражување „Еуромонитор интернешнл“ објави листа на 100. најпосетени градови во светот, а на прво место се наоѓа главниот град на Тајланд.
Бангкок е најпосетуван град со 21,2 милиони туристи, а потоа следат Лондон со 19,2 милиони туристи, додека Хонг Конг има посетеност од 12 милиони 290 илјади странски туристи.
Листата е изработена врз основа на бројот на луѓе кои престојуваат во градот повеќе од 24 часа.




