Магазин
Базен во кој се чувствувате како да лебдите во воздух
Веднаш да кажеме дека ова не е место за оние кои се плашат од височина.
Базенот со застаклено дно на покривот од еден скап станбен блок во Хјустон дури и на фотографијата предизвикува вртоглавица.
Базенот, чиј еден дел е направен од дебел плексиглас, низ кој можете да ги гледате минувачите долу под зградата, се наоѓа на 42. кат и е познат како „Скај пул“ (базен на небото).




