Магазин
Принцот Џорџ и принцезата Шарлот ќе бидат деверчиња на свадбата на нивната тетка
Принцот Џорџ и принцезата Шарлот ќе бидат деверче и деверица на свадбата на нивната тетка Пипа Мидлтон, соопшти Палатата Кенсингтон.
Пипа е сестра на сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон. Таа ќе се венча со менаџерот на Хеџ фонд, Џејмс Матјуз. Свадбата е закажана за во црквата Сент Марк во Енглфилд, и ќе се одржи на 20 мај годинава.
На свадбата покрај Кејт и Вилијам, се разбира, ќе присуствува и принцот Хари.




