Магазин
Бекамови го дочекаа Меси во Мајами, Дејвид се лизна и за малку ќе паднеше (ВИДЕО)
Долго очекуваното претставување на Лионел Меси како играч на Интер Мајами се одржа во неделата навечер, и беше возбудливо за локалните навивачи иако беше импровизирано од организаторите на настанот по поројниот дожд кој вклучуваше и грмотевици.
Ниту дождот ниту грмотевиците не спречија повеќе од 20.000 навивачи да се соберат на стадионот во Форт Лодердејл на официјалното претставување на Лео Меси (36), кое поради временските неприлики беше одложено еден час.





