Магазин
Заврши снимањето на краткометражниот игран филм „Ракетно моделарство”
Играниот филм е работен по сценарио и режија на Златко Калеников, а во продукција на Стримон Филм Скопје.
„Ракетно моделарство” е краток филм кој обработува тема од детскиот живот каде сите ние сме биле некогаш под нечие влијание. Децата се најмногу изложени, поготово во денешницата. Влијание на деликвенти, влијание на постари деца, влијание на средината, наркотици. Филмот е за конфликт помеѓу исполнување на сопствениот сон и туѓото влијание за негово остварување. Низ едно детско хоби се покажува колку туѓото влијание може да биде пресудно за својот живот и животниот сон. Снимањето се одвиваше низ различни локации во Скопје и во моментов е во пост-продукциска фаза.








