Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Билјана Јаневска – македонски претставник на „Мис туризам“ во Малезија (ФОТО)

Магазин

Билјана Јаневска – македонски претставник на „Мис туризам“ во Малезија (ФОТО)

Македонката Билјана Јаневска ќе биде претставник на нашата земја на 23-тиот интернеционален избор за „Мис туризам“ кој ќе се одржи на 17 јануари 2021 година во Малезија.

Нашата манекенка ќе се престави 21-ва по ред, а на изборот учествува преку агенцијата „Пантер моделс“ на Олег Дементиенко.

– „Единствената добра работа што можеше да ми се случи во 2020 година е тоа што ќе ја претставувам Македонија на Мис туризам интернационал. Ова чувство не се опишува“, вели таа.

Инаку на изборот ќе се престават 31 девојка од исто толку земји од целиот свет, односно од земјите што аплицирале на изборот.

– „Пантер моделс направија 3 видеа, од кои во првото се претставив како кандидат, со сета моја едукација како желба за повеќе успех. Во второто видео беа презентирани нашите згради и прекрасни споменици низ главниот град Скопје, а третото беше кастинг прошетка во фустан од модната креаторка Јасмина Дракул“ – вели Билјана, која е единствениот претставник на Македонија на овој избор.

Оваа година заради пандемијата изборот ќе се одржи онлајн, а за девојките, освен што ќе гласа жирито, може да се гласа и преку интернет.

– „Заради Ковид 19 пандемијата, може да бидеме спречени да патуваме во Малезија, но затоа пак можеме и виртуелно да дојдеме до титулата“ – заклучува единствената македонска преставничка на овој избор, Билјана Јаневска.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.