
Магазин
ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ТОПЛИОТ БРАН: Исчистете го клима уредот пред да го користите
Клима уредите најчесто се користат за ладење, но во последниот период опсегот на работата им е зголемен со тоа што модерните клима уреди имаат вградено инвертер технологија. Преку инвертерот се отвара можност клима уредите да се користат и како системи за греење.
При секојдневна употреба на клима уредите во нивната внатрешност се таложи огромна количина на прав, алергии, микроорганизми од различна природа (бактерии, вируси, габи). Сето ова допринесува за неправилна работа на уредот (почести дефекти, помала моќност и испуштање на нечистотиите во воздухот кој го дишеме).
Но како и да е, без разлика дали зборуваме за грејна сезона или за сезона на ладење, пред да започне истата, потребно е климатизерот да е правилно исчистен. За да се исчисти клима уредот, не треба од истиот да почне да излегува непријатен мирис, или да се затне па да не може да ја постигне саканата температура, туку чистењето на истиот треба да премине во навика.



