Занимливости
БЛЕСКАВА ТАЈНА: Град во Германија изграден од дијаманти
Германскиот град Нердлинген, во Баварија, за првпат се споменува во деветтиот век, и изграден е во кратер на вулкан широк 26 километри. Но, кратерот крие блескава тајна поврзана со изградбата на градот.
Жителите на Нердлинген со генерации користеле камен од околината на кратерот за изградба на своите куќи, и притоа забележувале дека камењата имаат одреден сјај.
Во 1960-ите години истражување на двајца американски геолози покажало дека кратерот околу Нердлинген не е создаден од вулкан, туку од удар на метеор широк околу еден километар што се случил пред околу 14 милиони години.




