Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Европејците годинава повеќе патувале од лани

Магазин

Европејците годинава повеќе патувале од лани

Европејците во првите осум месеци годинава патувале повеќе од лани. Односно, статистиката во оваа категорија бележи зголемување од за 5,5 отсто, а пак, за идната година се предвидува раст од четири отсто, според анализата на „ИПК Интернешнл“.

Во првите осум месеци во Европа оваа година, како што сликовито се вели во извештајот, „процветале и градските патувања“, додека пак летовите од Европа до САД и други подалечни дестинации стагнираат.

– Трендовите на раст на патувањата на Европејците до крајот на август ја надминаа минатогодишната прогноза од околу четири отсто, што ни покажува дека во Европа има високо ниво на доверба во патувањата, изјави претседателот на Управата на ИПК.

Најмногу во странство оделе Полјаците, Холанѓаните и Французите. Сепак, останува впечатокот дека луѓето претпочитаат куси патувања.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.