Занимливости
Британците годишно разменуваат 10.000 СМС-пораки во истата куќа
Британец просечно испраќа околу 10.000 СМС-пораки годишно на членовите на неговото семејство оддалечени една или две соба, поради мрзеливост или избегнување на конфликт, покажа истражувањето објавено вчера.
„Можеш ли да го исклучиш телевизорот?”, „Што има за вечера?” или „Доаѓаш ли во кревет?”, се некои од најчестите пораки, покажа интернет анкетата спроведена во декември на две илјади британски семејства преку фирмата „Broadbandchoices“.
Најодговорни за таквите пораки се мајките кои секојдневно испраќаат барања како „исклучи го светлото” или наредба да „легнат на спиење”, велат од компанијата.




