Магазин
Британска авиокомпанија го намалува стресот на патниците со храна
Британската авиокомпанија „Монарх ерлајнс“ во менито за време на летот внесе посебен вид на храна која има за цел да го подобри расположението и да го намали стресот кај нервозните патници.
„Монарх ерлајнс“ се поврза со професорот Чарлс Спенс од Универзитетот Оксфорд за да направи посебно дизајнирано мени на кое се наоѓаат намирници кои можат да го поттикнат расположението кај патниците.
Така оваа авионска компанија сега на патниците им нуди колачи од ориз зачинети со лаванда кои се одлични за опуштање, зелен чај, мешавина од растителни чаеви, бисквити од морски алги, пецива од вкусно тесто и енергетски плочки со сос од печурки и домати.




