Магазин
Уникатен хотел во елитниот дел на Амстердам
Хотелот „Пулицер“ што се наоѓа во елитниот дел на Амстердам всушност претставува комплекс од 25 меѓусебно поврзани куќи, кои датираат од 17. и 18. век. Неодамна тие беа реновирани и редизајнирани во нов, уникатен хотел.
Со своите 225 луксузни соби и апартмани, со понудите за незаборавно пловење со чамци по прочуените водни канали околу и меѓу куќите, но и бројни други рекреации, овој хотел, кој е единствен од ваков тип, успева да го спои традиционалниот со модерниот холандски дизајн.






