Занимливости
Британските министри не смеат да носат „Епл Воч“
На британските министри отсега им е забрането да носат „Епл Воч“ паметни часовници поради страв дека Русите би можеле да ги хакираат, пишува лондонски „Телеграф“.
Одлуката е донесена на седница на британската Влада. Претходно, употребата на мобилни телефони исто така беше забранета, потсетува изворот.
Од друга страна, познато е дека САД ги обвинуваат руските тајни служби дека стојат зад пробивањето на електронските преписки на Демократскиот национален конгрес.




