Занимливости
Зошто ролетните на авионските прозорци мора да бидат кренати при полетување и слетување?
Дали некогаш сте се запрашале зошто стјуардесите во авионите при полетувањето и слетувањето ги замолуваат патниците да ги кренат ролетните на авионските прозорци.
Причина за тоа не е убавиот поглед, туку безбедноста. Имено, во случај на несреќа, авионскиот екипаж има само 90 секунди да ги евакуира патниците. Со кренати ролетни во случај на несреќа тие полесно можат да ја проценат состојбата надвор од авионот, а воедно и од надвор може да се види што се случува во леталото.
– Кај тешките несреќи секоја секунда е важна. Затоа е многу важно екипажот да може да ја види состојбата надвор од авионот, за полесно да може да ја планира евакуацијата, која врата да се користи и слично, вели експертот за авиобезбедност Саран Удајакумар.




