Занимливости
Бројот на милијардери во европските земји
Чешкиот картограф и матеметичар Јакуб Мариан на својата интернет страница објави карта којашто го прикажува бројот на милијардери во секоја европска земја во 2018 година. Мапата е заснована на податоци од „Форбс“.
Така, Германија води со 123 милијардери. Велика Британија има 54, Франција – 40, Италија – 43, Шпанија – 29, а Шведска – 32 милијардери.
Од словенските земји пак, Русија, очекувано, е некаде на врвот, со вкупно 101 милијардер, во Украина има седум, во Полска и Чешка по шест, и во Словачка еден милијардер. Македонија нема ниеден, а на Балканот, милијардери има само во Грција (четворица), Романија и Унгарија (по еден).




