Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НОВ МИРИС: Avon ги ослободува своите бои и го освојува Париз

Магазин

НОВ МИРИС: Avon ги ослободува своите бои и го освојува Париз

За првпат, светски најгламурозната модна недела доживеа серија од Avon активности во секое катче во Градот на Светлината, за да го прослави лансирањето на најновиот парфем: Avon Life Colour.

Во текот на една недела, брендот промовираше серија на активности во Париз кои беа пренесувани во живо на социјалните мрежи во над 20 држави ширум светот, кои допреа до над 60 милиони луѓе. Акцијата “Avon го освојува Париз” беше во знакот на мотото на Кензо Такада – радост на живеењето, што беше инспирација за овој нов мирис кој донесе боја и радост во интензивниот распоред на инфлуенсерите присутни на модната недела, кои присуствуваа на најпосакуваната модна недела од “Големата Четворка”– Њујорк, Милано, Лондон и Париз.

Гламурозната забава #ОслободиГиТвоитеБои по повод лансирањето, се одржа во престижниот ресторан Le Mini Palais, и претставуваше врвна точка на освојувањето на Париз од страна на Avon. Над 500 гости беа пречекани од страна на Кензо Такада, во ноќ исполнета со музика, бои и забава. Меѓу нив беа иконата на стилот и модата Инес Де Ла Фресанж, бразилската актерка Бруна Маркезин – најследената бразилска ѕвезда на Инстаграм, руската ТВ презентерка Марија Ивакова и полската ѕвезда Малгоржата Розенек-Мајдан.

Останати познати имиња од светот на забавата и модната индустрија се придружија на забавата, како дизајнерите Шантал Томас и Александер Зуари, француските актерки Анучка Делон и Жулиет Бесон и уметникот на модерното време, Али Махдави. Гостите беа почестени и со изненадување: откривањето на спектакуларниот фустан, ексклузивно дизајниран од Кензо Такада, кој ги слави боите.

На денот пред забавата, несекојдневни перформанси беа изведени на улиците на Париз, со десетици танчери облечени во униформи во боја, отелотворувајќи го мотото на кампањата #ОслободиГиТвоитеБои (#SetYourColoursFree) за да го пренесат концептот на радоста и да ја зголемат свесноста за лансирањето. Веселата кореографија беше изведена пред главните влезови на најголемите модни шоуа, како и пред некои од најпознатите места во францускиот главен град, како што се Трокадеро, Ајфеловата кула и долж брегот на реката Сена, мамејќи љубопитност и насмевки од посетителите на модната недела, локалните жители и туристите.

Во текот на целата недела, Avon беше домаќин на преку 20 меѓународни дигитални инфлуенсери од светот на модата и убавината, кои зедоа учество во серија од ексклузивни активности. Тие вклучуваа приватен прием во домот на Кензо Такада на Rive Gauche, несекојдневна тура по неговите најсакани и најинспиративни места во градот и посета на лабораторијата Firmenich, една од најголемите светски куќи за парфеми, одговорна за развојот на мирисот Avon Life Colour.

Приближувањето на мирисот до што повеќе инфлуенсери и корисници беше пренесено преку Youtube феноменот на ‘отпакување’, кој овозможува хај-тек производите да се отпакуваат преку видео и да се споделат дигитално. Avon ги изненади најголемиот број на дигитални инфлуенсери и познати лица со кутии со подароци кои беа испорачани директно во нивните хотелски соби, а кои ги содржеа двата нови Avon Life Colour мириси и персонализирана рачно изработена свилена марама дизајнирана од Кензо Такада, со цел да се прослави лансирањето на Avon Life Colour. Марамите се дел од лимитираната колекција од само 650 парчиња достапни во светот. Уникатната цветна шара на марамата ја содржи неговата лична интерпретација на радоста претставена преку магнолијата, моќниот опоен цвет кој евоцира драги спомени од раните години на дизајнерот поминати во Јапонија и кој претставува основна заедничка нота во двата мириси Avon Life Colour за Неа и за Него.

“Avon Life Colour е најголемата премира на годината за Avon-овиот свет на мириси, следејќи го успехот на Avon Life во 2016та година, кој забележа досега најголема продажба на мирис при самото лансирање. “Освојувањето” на Модната недела во Париз е монументален момент, кој ја означува нашата мисија да допреме поблизу до нашите корисници и да го демократизираме луксузот, што всушност претставува темелот на уверувањата со кои Кензо Такада творел во текот на неговата кариера.

Ние сме исклучително горди што се придруживме на една од најголемите конверзации за модата и убавината заз оваа година и што допревме до милиони луѓе од целиот свет со нашиот најнов мирис. Огромниот успех на оваа активација покажа дека луксузот може да биде достапен за секого,” изјави Даниел Бибас, Директор на глобални комуникации во Avon.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.