Занимливости
„Час по анатомија“ во данската зоолошка: Децата се згрозиле од грозоморниот настан
Данската зоолошка градина денес приреди „час по анатомија“, пред десетина деца сецирале тело на лав, со што предизвика гневна реакција на активистите за заштита на правата на животните кои настанот го опишале како „грозоморен спектакл“.
Девет месеци стар лав беше еден од трите младенчиња кои во Зоолошката градина во Оденз, во централна Данска, кој беше успиен минатиот февруари откако не успеа да ги вдоми. Оттогаш неговото тело беше чувано во ладилник.
Меѓу 300 и 400 деца и повозрасни посетители се собраа да присуствуваат на дисекција на лавот што ја изврши еден од работниците на Зоолошката градина, Расмус Колинд.




