Магазин
ФОТОГАЛЕРИЈА: Маврово со ново изненадување за семејствата – едукативна патека за деца
Детска игра, џагор и многу насмевки го разубавија националниот парк Маврово каде денеска во познатиот локалитет Бунец беше отворена едукативната патека за деца која е наменета за возраст од 6 до 12 години.
Со ова туристичкиот центар Маврово добива уште една нова интересна содржина за семејствата, патека со должина од 1 километар која ќе овозможи најмалите посетители да се запознаат со биодиверзитетот во тој регион под надзор на водичи специјално обучени за работа со деца.
Родителите од денеска можат да дојдат во овој прекрасен дел од Западна Македонија и заедно со своите деца да уживаат во сите убавини кои ги нуди Маврово, од спортување и рекреација, одмор, уживање и учење и запознавање на природата од мали нозе.








