Занимливости
Чеси сакале одмор во Ница, а завршиле во Ниш
Четворица млади Чеси се упатиле на одмор во Ница, но по грешка завршиле во Ниш во Србија, пишуваат чешките и словачките медиуми.
Организаторите на нивнот краток предбожикен одмор во Франција ги збуни новата линија на компанијата Рајанер Братислава – Ниш, и поради сличните имиња на двата града, резервирале авионски билет за лет во Србија.
Рајанер во Словачка рекламира продолжени викенди во Ниш и редовни летови од 31 октомври.




