Занимливости
Се враќа легендарниот велосипед Пони
На поранешниот југословенски пазар популарниот велосипед Пони кој по италијанска лиценца се произведуваше во Словенија, ќе се продава од почетокот на следната година во модернизирана верзија, но со цени кои се проблематични.
Велосипедите ќе се прават во повеќе верзии и од различни материјали, а цената на основниот модел ќе биде 329 евра, додека најскапиот „премиум“ модел со дополнителни компоненти ќе чини 789 евра, објавија словенечките медиуми.
Производството почнува на пролет следната година, но веќе сега можат да се нарачаат. Тие ќе се продаваат од фабриката BTC, а официјално ќе ги произведува фабриката Горе колеса во соработка со Горење од Велење во чии погони и ќе се монтираат.




