Занимливости
Дали бабите и дедовците треба да бидат платени за чувањето на внуците?
Порталот Мамамиа, по писмо од читателка, отвори дебата на друштвените мрежи околу тоа дали бабите и дедовците треба да земаат пари за тоа што ги чуваат внуците, додека родителите се на работа.
– Тие имаат и премногу обврски. Мајка ми ги чува децата, ми ги пере алиштата и ми ги мие садовите. Не излегува од мојот дом се до 17:00 часот, додека јас не се вратам, вели во писмото анонимната читателка, инаку мајка на три деца.
Од друга страна пак, некои го сметаат тоа за благослов за децата.




