Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Девет здрави навики за новата 2017 година

Магазин

Девет здрави навики за новата 2017 година

Неодамнешно истражување покажа дека четири лоши навики, пушење, конзумирање премногу алкохолни пијалаци, физичка неактивност и недоволно овошје, можат да го скратат животот дури за 12 години.

Неколку мали промени можат многу да го подобрат животот.

1. Не се прејадувај

Почнете да ставате малку храна во својата чинија. Најстарите Јапонци престануваат да јадат кога чувствуваат дека 80 отсто се сити. Помалку храна помага во побавно стареење, бидејќи со намалените калории се намалува производството на хормонот Т3, кој го успорува метаболизмот и го забрзува процесот на стареењето.

2. Уживај

… во сексот. Ова е забавен начин да се намали голем број на калории, понекогаш и како да трчаш 30 минути. Редовниот секс ќе го намали крвниот притисок, го подобрува сонот, го зголемува имунитетот и го заштитува срцето.

3. Изгаси го телевизорот

Истражување спроведено во 2010 година докажало дека луѓе кои гледаат тв 4 или повеќе часа дневно, имаат 46 отсто шанси од смрт од која било причина, за разлика од луѓе кои гледаат ТВ помалку од 2 часа дневно.

4. Избегнувајте сонце

Премногу сонце може да предизвика рак на кожата, појава на брчки и кожа која изгледа старо. Секојдневно користете крема со заштитен фактор (SPF 30 или повеќе).

5. Дружи се

Без пријатели и семејство се зголемува и ризикот од срцеви болести. Осаменоста предизвикува воспаленија, па кај здравите луѓе може да биде опасна како висок холестерол или дури запушување. Кај постарите луѓе осаменоста често предизвикува депресија.

6. Пиј умерено

Во мали количини, алкохолот може да биде многу добар за нашето тело. Жени кои пијат еден пијалак на ден и мажи кои пијат два, имаат помала можност за заболување од срцеви болести.

7. Јади многу овошје и зеленчук

Ова го слушаме цел живот, но многу од нас сепак не ја јадат препорачаната дневна количина од три сервирања. Овошјето и зеленчукот се богати со витамини и влакна кои штитат од речиси сите болести, а антиоксидантите помагаат во намалување на брчките и други знаци на стареење.

8. Тренирај

Секојдневното вежбање е еден од најдобрите совети за долговечност. Добриот тренинг има позитивен ефект на твоето срце, мозокот и метаболизмот. Умерена вежба, како 30 минути трчање дневно, може да го намали ризикот од разни проблеми со срцето.

9. Остави ги цигарите

Ако ги избегнете цигарите ќе додадете 6 до 8 години од животот. Пушењето предизвикува појава на рани знаци на старост, како и зголемен ризик од болести на белите дробови. Ќе постигнете многу и ако само ја намалите оваа нездрава навика. Ако пушите на секој час, се зголемува ризикот од умирање за 11 отсто, а ризикот од умирање од срцеви болести се зголемува за 18 отсто.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.