Занимливости
Што ги прави Ескимите така издржливи на студот?
Науката открива дека Ескимите се наследници на древниот сибирски народ наречен Денисовски луѓе, кои живееле во Сибир пред 40.000 години. Нивните гени ги прават денешните жители на Гренланд поиздржливи на студ, пишува списанието „Молекулар Бајолоџи енд Еволушн“.
Научниците ги споредиле гените на 200 Ескими од Гренланд, со ДНК-та на Неандерталците и „Денисовците“. Притоа, има совпаѓање на два гена – TBX15 и WARS2. Генот TBX15 одредува како човековото тело реагира на студот, но и складирањето на мастите. Овие гени ги нема кај Неандерталците и многу ретко ги има во современите луѓе.
Денисовскиот човек се смета за исчезната човечка раса, чиишто остатоци се откриени пред се во Алтајските предели во Русија.




